Британскиот секретар за надворешни работи Вилијам Хаг го фалеше поранешниот претседател како „голем американски херој“.
Исто така присутна на откривањето на споменикот беше и поранешната Државна секретарка Кондолиза Рајс. Статуата, рече таа, го комеморира „величественото минато“.
Церемонијата ја одбележа стогодишнината на раѓањето на Реган. Реган почина во 2004-та откако отслужи како претседател во годините меѓу 1981 и 1989.
Рајс неодамна присуствуваше на слични церемонии во Унгарија и Чешката Република каде беше почестен поранешниот американски претседател.