Линкови за пристапност

Сто години од раѓањето на Роналд Реган


Сто години од раѓањето на Роналд Реган
Сто години од раѓањето на Роналд Реган

Барак Обама го одбележа денот со коментар во весникот ЈуЕсЕj Тудеј каде ги потсети Американците дека Реган бил доволно широкоглед да прави компромиси по спорни прашања.

САД во недела одбележаа 100 години од раѓањето на претседателот Роналд Реган, кој служеше два мандата во Белата куќа во 1980-те.

Главниот дел на прославата се одржа во Регановата библиотека во Калифорнија, каде неговата вдовица, Ненси Реган, положи венец на неговиот гроб додека борбени авиони од носачот на авиони ЈуЕсЕс Роналд Реган летаа на небото.

Осумдесет и деветгодишната поранешна прва дама поздрави околу 1.500 поканети гости на неделната комеморација.

Американскиот претседател Барак Обама го одбележа денот со коментар во весникот ЈуЕсЕj Тудеј каде ги потсети Американците дека Реган бил доволно широкоглед да прави компромиси по спорни прашања.

XS
SM
MD
LG