Линкови за пристапност

Пресудата за Младиќ важен чекор за утврдување на одговорноста


Покрај реакцијата од САД, генералниот секретар на НАТО исто така се согласува дека пресудата покажува дека принципот на владеењето на правото функционира

По пресудата на Меѓународниот трибунал за воени злосторства против Ратко Младиќ се огласи Амбасадата на САД во Босна и Херцеговина.

„Амбасадата на САД во Сараево смета дека денешната пресуда на Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија во случајот против Ратко Младиќ е важен чекор кон утврдувањето на одговорноста на поединците кои предизвикаа тешки страдања за граѓаните на Босна и Херцеговина.“

Понатаму во соопштението се вели дека амбасадата „апелира до сите страни да ја прифатат пресудата и да се свртат кон континуиран ангажман на помирување и мирен заеднички живот кои се неопходни за иднината на стабилна и безбедна Босна и Херцеговина, во која правата на сите граѓани ќе бидат заштитени.“

Во соопштението од канцеларијата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг се вели дека извршителите за воени злосторства одговараат за сторение дела: „НАТО помогна ова темно поглавје од историјата на Европа да се затвори. Западниот Балкан е од стратешка важност за Алијансата, која помага во изградбата на стабилност во регионот изминативе дваесетина години. Ние ја гледаме иднината на Западниот Балкан во евро-атлантската соработка и интеграција за оние кои ја посакуваат. Се надеваме дека денешната пресуда ќе го приближи регионот до патот на мирот и помирувањето“ се вели на крајот од соопштението.

Поранешен врховен командант на НАТО, адмиралот Џејмс Ставридис изјави: „Ова пресуда е една од најконкретните, најпрактичните и најважните настани во историјата на глобалната правда. Тој беше лош човек кој заслужува да го помине остатокот од животот во затвор, размислувајќи за штетата што ја направи за светот“

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG