Линкови за пристапност

Рејтингот на Кремљ во глобални рамки драстично паднал во 2022 година, соопшти Галуп


Само 21 процент од испитаниците рекле дека го одобруваат раководството на Русија, што е намалување од 33 проценти во 2021 година
Само 21 процент од испитаниците рекле дека го одобруваат раководството на Русија, што е намалување од 33 проценти во 2021 година

Како последица на инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин на Украина минатата година, глобалните ставови кон лидерството на Русија драматично се сменија, при што големо мнозинство од населението во десетици земји извести дека не го одобрува Кремљ.

Податоците собрани од анкети на илјадници луѓе во 137 земји и региони покажаа забележителен пад на одобрувањето на Кремљ, се вели во извештајот објавен од организацијата Галуп денес.

На глобално ниво, 57 отсто од испитаниците изјавиле дека не го одобруваат раководството на Русија во 2022 година, за разлика од 38 отсто претходната година.

Само 21 процент од испитаниците рекле дека го одобруваат раководството на Русија, што е намалување од 33 проценти во 2021 година.

И бројките за одобрување и неодобрување беа најекстремните што ги измери Галуп откако почна да го поставува прашањето како дел од своето годишно истражување за следење на ставовите кон глобалните лидери во 2007 година.

Додека впечатокот на луѓето за раководството на Русија варираше во различни поединечни земји во истражувањето, сеопфатниот резултат беше влошување на јавниот имиџ на нејзиното раководство.

Промената беше најизразена во Латинска Америка и Карибите, каде што просечниот рејтинг на одобрување падна за 21 процентен поен, односно на 16 проценти, додека просечниот рејтинг на неодобрување скокна за 30 поени, или на 61 процент.

Дури и во делови од Африка и Азија каде што руското влијание останува силно, промената беше негативна.

Во Северна Африка и Блискиот Исток, стапките на неодобрување се зголемија за 12 поени, на 55 проценти. Во субсахарска Африка, каде Русија одржува операции со активно влијание, стапките на неодобрување сè уште се искачија од 21 процент на 32 проценти, влошувајќи се дури и во земјите чии лидери одбија да ја осудат војната.

Сепак, субсахарска Африка беше единствениот регион анкетиран од Галуп во кој просечниот рејтинг на одобрување на раководството на Русија од 35 проценти, остана над просечниот рејтинг на неодобрување.

XS
SM
MD
LG