Линкови за пристапност

Рејтингот на Бајден паднал на 40 проценти во јули, покажа нова анкета


Тридневната онлајн анкета на Ројтерс/Ипсос покажа маргинално намалување на неговиот рејтинг од 41 отсто колку што бил претходниот месец
Тридневната онлајн анкета на Ројтерс/Ипсос покажа маргинално намалување на неговиот рејтинг од 41 отсто колку што бил претходниот месец

Рејтингот на американскиот претседател Џо Бајден се задржал на 40 проценти на почетокот на јули, блиску до најниските нивоа од неговото претседателствување, бидејќи економските грижи продолжуваат да ги вознемируваат Американците, според анкетата на Ројтерс/Ипсос оваа недела.

Тридневната онлајн анкета, на која Американците беа прашани дали го одобруваат или не начинот на кој Џо Бајден се справува со својата работа како претседател, покажа маргинално намалување на неговиот рејтинг од 41 отсто колку што бил претходниот месец.

Најголемиот број од испитаниците, или 21 отсто, ја навеле економијата како нивна најголема грижа, а 15 отсто рекле криминал или корупција.

Рејтингот на Бајден е идентичен со одобрението на неговиот републикански претходник Доналд Трамп од 41 процент во овој момент, што е релативно низок во споредба со нивните непосредни претходници, демократот Барак Обама и републиканецот Џорџ В. Буш.

Испитаниците беа поделени во нивните ставови за одлуката на Врховниот суд минатиот месец за укинување на програмата на Бајден за простување студентски заеми, при што 49 поддржаа одлуката, а 48 отсто беа против.

Мнозинството, односно 60 отсто, рекле дека го поддржуваат потегот на судот да стави крај на употребата на афирмативна акција при приемот на колеџ.

Околу 70 проценти од испитаниците се изјасниле дека ќе поддржат ограничувања на мандатот на судиите на Врховниот суд, вклучувајќи 85 проценти од демократите и 56 проценти од републиканците.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG