Линкови за пристапност

Разрешениот директор на Кардиохирургија бара преиспитување на одлуката за негово разрешување


Вака почна прес-конференцијата на разрешениот директор на кардиохирургија. Со тимот на клиниката зад него, Сашко Јовев побара надлежните да ја преиспитаат одлуката за неговата смена.

„Во животот постојат два начина на однесување, или да се работи, создава, учи и оди напред, или да се гази по сето тоа. Цврсто стоиме на ставот дека тимот кој победува не се менува. Го повикуваме министерот и владата да ја преиспитаат одлуката, да се остави политиката на страна“, вели разрешениот директор на Кардиохирургија, Сашко Јовев.

Вели дека ја има поддршката на владејачкиот СДСМ, не смета дека разрешувањето е политички реваншизам, иако стравува дека ситуацијата може да прерасне во тоа. Причина за смената, според Јовев, е нечија повредена суета при организирањето на настанот со отворањето на хибридната сала.

„Имав притисоци дека сум направил грешка во самиот протокол околу настанот кога ја отворивме нова хибридна сала, единствена во регионот, кога промовиравме апарат за да одржува во живот луѓе кои чекаат срце. Но, ете се селучи тоа што се случи. Се случи уредно сите, а мнинистерот за здравсто сметаше дека доцна бил поканет, дека премиерот бил порано поканет. Јас се најдов во средината за да излезам жртва, а жртва испадна и кардиохиргијата“, рече Јанев.

Еден час претходно, исто така во кругот на Клиничкиот центар, министерот за здравство излезе со друго обајснување зпошто се решил на таков чекор. Вели – имало злоупотреби.

„Не е само професорот, туку и за целиот тим таму што работи. Апсолутно не, нема политика. Каде ќе има злоупотреби, ќе има и санкционирање“, истакна министерт за здравство, Фатмир Меџити.

Правниците кои ги советувал разрешениот директор најавуваат тужба на одлуката на министерот - тврдат дека нема никаква основаност на решението.

„Во решението стои дека за 2022 година има исплатни листи за дежурства, а дежурството не го одобрил министерот за здравство. Замислете некој доаѓа со итна потреба на клиниката, да му рече портирот, `извинете, немаме согласност од министерот, дојдете утре`. Само тоа е причината, само дежурството. Вчера чувме на телевизија дека којзнае какви злоупотреби имало од страна на професорот Јовев. Значи, единствена причина е дежурството. Јас како правник поставувам прашање – како може оваа клиника да нема дежурство? Не може“, вели правниот советник, Мите Михаловски.

За неочекуваниот потег на министерот реагираа и граѓани кои биле пациенти на Јовев.

„Направи толку трансплантации и спаси толку срца, мислам дека е греота што се прави ова за него...“, рече еден од граѓаните.

XS
SM
MD
LG