Линкови за пристапност

Разговорите за мир во Украина треба да продолжат што е можно поскоро, рече Шји


Кинескиот лидер Ши Џинпинг повика на мировни разговори за Украина
Кинескиот лидер Ши Џинпинг повика на мировни разговори за Украина

Кинескиот лидер Шји Џјинпинг повика на мировни разговори за Украина, откако францускиот претседател Емануел Макрон апелираше до него „да ја освести Русија“, но Шји не даде никакви индикации дека Пекинг ќе ја искористи својата моќ како дипломатски партнер на Владимир Путин за да изврши притисок за решение.

Шји не даде знак дека Кина, која изјави дека има „пријателство без граници“ со Москва пред минатогодишната инвазија, го променила својот став откако повика на мировни преговори во февруари.

„Мировните разговори треба да продолжат што е можно поскоро“, рече Шји. Тој ги повика другите влади да избегнуваат да прават сè што би можело „да ја влоши кризата или дури да излезе од контрола“.

Пекинг, кој ја гледа Москва како партнер во спротивставувањето на доминацијата на САД во глобалните работи, се обиде да изгледа неутрално во конфликтот, но му даде дипломатска поддршка на Путин и повтори руски оправдувања за нападот во февруари 2022 година.

Шји предизвика бурни реакции кога ја посети Москва минатиот месец, давајќи му политички поттик на изолираниот руски претседател.

Кинескиот лидер рече дека треба да се разгледаат „легитимните безбедносни грижи на сите страни“, повикувајќи се на аргументот на Москва дека ја нападнала Украина поради ширењето на НАТО кон исток.

Макрон укажа на кинеската поддршка за Повелбата на Обединетите нации, која повикува на почитување на територијалниот интегритет на една земја.

Тој рече дека најавата на Путин за плановите за распоредување нуклеарно оружје во Белорусија ги прекршува меѓународните договори и обврските кон владата на Шји.

„Треба да најдеме траен мир“, рече францускиот претседател. „Верувам дека ова е исто така важно прашање за Кина“.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG