Линкови за пристапност

Замина легендата на ситарот Рави Шанкар


Почина виртуозот на ситарот Рави Шанкар
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:26 0:00
Direct link

Почина виртуозот на ситарот Рави Шанкар

Првиот индиски музичар што стана познат на Западот откако беше прифатен од контракултурата на 1960-те.

На 92-годишна возраст во Калифорнија почина индискиот виртуоз на инструментот ситар Рави Шанкар, кој влијаеше на редица уметници - од џез-легендата Џон Колтрејн, па се` до Џорџ Харисон од Битлси.

Неговото семејство соопшти дека Шанкар починал во болница каде му била направена операција на срцето.

Индискиот премиер Манмохан Синг преку Твитер изјави дека Шанкар беше „национално богатство“ и „глобален амбасадор на индиското културно наследство“.

Џорџ Харисон го сметаше Шанкар за „кум на музичкиот свет“.

Шанкар беше првиот индиски музичар што стана познат на Запад откако беше прифатен од контракултурата на 1960-те. Џорџ Харисон го сметаше Шанкар за „кум на музичкиот свет“. Тие соработуваа на неколку проекти, како на пример хуманитарниот концерт за Бангладеш во 1971-ва.

Шанкар е носител на најголемата цивилна награда на Индија, Барат Ратна, а има и три награди Греми.

Беше номиниран за Греми за 2013-та, за албумот во оригинал насловен The Living Room Sessions, Part 1.

Тој е татко на познатата американска пејачка Нора Џонс и на Анушка Шанкар, која исто така настапува на ситар.
XS
SM
MD
LG