Линкови за пристапност

Вакцина против хероин?


Научниците имаат големи надежи за експерименталната вакцина наменета за третирање на зависници од моќниот наркотик.

Околу 20 милиони луѓе во светот се зависни од хероин и други видови наркотици. Нивната зависност и честа употреба на контаминирани шприцеви, прави тие да бидат во ризик од болести како ХИВ, СИДА и Хепатит Це. Кај нив воедно постои опасност од предвремена смрт или од прекумерна доза на дрога или од насилство поврзано со шверц на дрога.

Конвенционалните третмани на зависниците се тешки и долги. Експерименталната вакцина може да ја спречи зависноста дури и ако корисникот е повторно е изложен на дрогата.

Вакцината против хероин изработена во Истражувачкиот институтот Скрипс во Ла Хоја, Калифорнија, првично го залажува имунолошки систем да мисли дека хероинот е патогена супстанца како бактерија или вирус.

Експерименталното соединение го стимулира производството на антитела што спречуваат дрогата да стигне до мозокот, од каде и зависниците ги добиваат нагоните за дополнителни количини.

При изработка на вакцината, вршени се експерименти врз глувци зависни од хероин. Тие прво биле изложени на неограничено количество на дрога, а потоа дрога им била ускратена еден месец, период на детоксификација сличен на оној што се применува кај луѓе на рехабилитација.

Потоа, научниците ги поделиле глувците на две групи, повторно давајќи им неограничено количество на вода со хероин. Половина од глувците биле вакцинирани против хероин.

Кај невакцинираните, зависноста се вратила. Во случајот на вакцинираните глувци, немало интерес за хероинот.
XS
SM
MD
LG