Комисијата за разузнавање на Сенатот ја потврди номинацијата на републиканскиот законодавец Џон Ратклиф за директор на националното разузнавање.
Комисијата гласаше со 8 наспроти 7 гласови, со сите демократи против. Ако номинацијата биде потврдена од целиот Сенат, Ратклиф ќе биде назначен за директор на националното разузнавање.
Тој првично беше номиниран од претседателот на САД Доналд Трамп минатиот јули, но, се повлече поради слаба поддршка од републиканските сенатори, кои го критикуваа за недоволно искуство во разузнавањето.
Номинацијата на Ратклиф ќе се најде пред Сенатот за целосно одобрување наверојатно по Денот на сеќавање на загинатите војници, кој се одбележува в понеделник.
Facebook Forum