Линкови за пристапност

Расте антијапонското расположение во Кина по испуштањето на радиоактивна вода од Фукушима


Оваа фотографија покажува леток на кој пишува „Суспендирај ја продажбата на сите рибни производи увезени од Јапонија“. Известувањето е поставено во областа на јапонските ресторани во Пекинг.
Оваа фотографија покажува леток на кој пишува „Суспендирај ја продажбата на сите рибни производи увезени од Јапонија“. Известувањето е поставено во областа на јапонските ресторани во Пекинг.

Јапонија ја повика Кина да ги преземе сите мерки за да ја осигура безбедноста на јапонските жители и дипломатските мисии во Кина поради бесот на јавноста откако Јапонија почна да испушта прочистена радиоактивна вода од својата нуклеарна централа Фукушима.

Јапонскиот министер за надворешни работи Јошимаса Хајаши изјави дека Јапонија ја повика Кина да апелира до своите граѓани да дејствуваат смирено за да се спречи ескалација на ситуацијата.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, рече дека Кина „ја штити безбедноста“ на странците во Кина.

„Игнорирајќи ги силните сомнежи и противење на меѓународната заедница, јапонската влада еднострано и насилно започна со испуштање на загадена вода од Фукушима, што предизвика силно негодување кај луѓето од сите земји“, рече Ванг.

Откако Пекинг го забрани увозот на јапонски морски плодови, кинеските корисници на интернет почнаа да повикуваат на бојкот на широк спектар на јапонски производи, додека други се обидоа да складираат основни резерви.

Некои аналитичари велат дека Пекинг испраќа порака до Токио преку антијапонските чувства.

„Јапонија ја испушти отпадната вода и нема враќање назад на тоа, така што (дозволувањето на националистичките чувства може да се разгори) за Кина да го покаже своето незадоволство“, рече Иан Чонг, рече политиколог од Националниот универзитет во Сингапур во телефонски разговор за Гласот на Америка.

Пекинг се соочува со голем број домашни предизвици, вклучително и забавување на економијата, рекордно висока невработеност и ненадејна реконструкција на персоналот во надворешната политика и во воениот сектор. Некои набљудувачи велат дека кинеската влада се обидува да иницира контрола на штетите со менување на фокусот на домашната дискусија и зголемување на јавно-здравствениот проблем што би ги загрижил кинеските граѓани.

„Национализмот е најзгодната алатка за Пекинг да го собере општеството, а прашањата поврзани со јавното здравје, како што е невидливата и странска закана од радијација, може да ги пресечат класните, географските и етничките линии“, вели во телефонски разговор за Гласот на Америка Вен-Ти Сунг, политиколог од Австралискиот национален универзитет.

Јапонија тврди дека ослободувањето на пречистената вода е безбедно, тврдење поддржано од Меѓународната агенција за атомска енергија. Сепак, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, рече дека потегот на Токио е „крајно себичен и неодговорен“.

„Ја повикуваме Јапонија веднаш да ги исправи своите погрешни постапки и да ја отстрани водата загадена со нуклеарно оружје на вистински одговорен начин“, рече Ванг минатата недела.

Откако Јапонија ја испушти пречистената вода, кинеските корисници на интернет ја повикаа јавноста да избегнува долга листа на јапонски производи, вклучувајќи козметика, производи за бебиња и домашни миленици и различни видови храна. Тврдат дека тие производи може да содржат контаминирани состојки.

XS
SM
MD
LG