Линкови за пристапност

Раст на светските берзи по извршните одлуки кои ги донесе Трамп


Глобалните пазари пораснаа во понеделникот откако претседателот Доналд Трамп потпиша неколку извршни одлуки чија цел е продолжување на финансиската помош за многу Американци погодени од корона кризата.

Европските пазари продолжија со добивка, индексите во Лондон и Париз беа во плус од 0.5% а во Франкфурт од 0.3%.

Во Сиднеј растот беше 1.7%, во Хонгконг 0.6%, во Шангај 0.7%, во Сеул 1.4%. во Тајпеј 0.5%, во Мумбај 0.3%.

Берзата во Токио беше затворена поради државен празник.

Во тргувањето на добра, златото продолжува да урива рекорди и се продава за 2.024 долари по унца, раст од 0.7%. Американската сирова нафта се продава за 41.8 долари по барел, раст од 1.4%. а нафтата Брент за 44.8 долари, раст од 0.9%.

Во САД индексите Dow Jones и S&P 500 имаа благ раст пред отворањето на берзите додека Nasdaq минимален пад.

XS
SM
MD
LG