Денеска во Скопје допатува генералниот секретар на НАТО, Андреас Фог Расмунсен. Посетата на Скопје е дел од неговата регионална турнеја која како што за Гласот на Америка на македонски изјави претставник на службата за информирање на алијансата има за цел да ја покаже важноста која НАТО му ја придава на регионот.
Генералниот секратар на НАТО се сретна со премиерот Груевски при што ја пренесе пораката дека Македонија е добродојдена како членка, но условот е познат - компромис со Грција.
„Интеграцијата во НАТО е слободен избор, но бара постојани реформи, тешки одлуки и храбро лидерство. Вратите на НАТО се отворени и како што се договоривме на самитот на Букурешт во 2008 година, вие ќе добиете покана за членство во НАТО штом се најде заеднички прифатливо решение за прашањето за името. Затоа, ве охрабруваме да продолжите со напорите и да тежнеете за изнаоѓање решение. Сега е моментот. Ги повикувам сите политички лидери да промовираат сеопфатен демократски дијалог. Тоа е најдобрата гаранција за стабилна и напредна иднина“, рече Андерс Фог Расмусен, генерален секретар на НАТО.
Премиерот Никола Груевски рече дека Македонија продолжува со исполнување на условите за членство, вклучувајќи го и решавањето на проблемот со името.
Груевски истакнал дека Македонија прави сè за да се најде решение за спорот околу името кој ги блокира нејзините евроатлантски интеграции, но додал дека решението зависи од подготвеноста и од грчка страна.
„Поканата може, според правилата на НАТО да се даде речиси секоја недела на тн. Собир на амбасадорите на НАТО. Таа не е условена само за време на самит, но би било извонредно ако тоа биде за време на самит“, рече Груевски.
Расмусен оствари средба и со лидерот на ДУИ , Али Ахмети. Ахмети, по средбата со Расмусен изјави дека прашањето за името може да се реши со помош на меѓународниот фактор и дека тоа го побарал и од првиот човек на НАТО.
„И од генералниот секретар на НАТО побарав поголем ангажман на меѓународната заедница, бидејќи таа многу инвестираше во унапредување на демократските институции во земјава, но и во мирот и стабилноста во регионот на Западен Балкан - да помогне за приближување на страните и изнаоѓање прифатлив компромис“, изјави Али лидерот на ДУИ.
Посетата на генералниот секретар на НАТО доаѓа пред Самитот на Алијансата во Кардиф во септември каде меѓу темите се очекува да биде и проширувањето.