Линкови за пристапност

Рамиз Мерко на црна листа во САД заради корупција


Соединетите Држави го ставија на црната листа градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, како генерално неподобен за влез во Соединетите држави, поради неговата вмешаност во значителна корупција. Додека ја извршуваше функцијата градоначалник на Струга, Мерко присвоил средства и се мешал во судските и другите јавни процеси, нанесувајќи ѝ штета на вербата на јавноста во демократските институции и функционери во Северна Македонија.

Денешната акција испраќа порака дека Соединетите Држави ја поддржуваат Северна Македонија во поттикнувањето на стабилноста преку зајакнување на демократските институции и справување со недостатоците во владеењето на правото. Оваа ознака ја потврдува посветеноста на Соединетите Држави за борба против корупцијата, која му штети на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја намалува способноста на владите ефикасно да одговорат на потребите на својот народ.

Извор: Стејт департмент

XS
SM
MD
LG