Линкови за пристапност

Борби за повторно заземање на Рамади


Ирачките сили се поддржани од коалицијата предводена од САД со воздушни напади

Жестоки битки на ирачките војници во вторникот во центарот на Рамади во обид за повторно заземање на градот од милитантите на Исламската држава.

Сабах ал-Нумани, портпарол на службата за борба против тероризам во Ирак, изјави дека борбите се воделе во околината на владиниот комплекс со поддршка воздухопловните сили.

Губењето на власта во Рамади беше најголем неуспех на ирачката влада и армијата. Напорите за повторно заземање на градот кој е лоциран на 100 километри западно од главниот град Багдад, се состои во борби кои траат со месеци во предградието и прекин на линиите за снабдување со оружје кои минат низ Рамади.

Ирачките воени сили се поддржани од коалицијата предводена од САД вршат напади врз цели на Исламската држава со воздушни напади, додека се обидуваат повторно да ги освојат териториите на север и запад кои милитантите ги зазедоа во 2014-та. Последните десет дена, воени авиони на коалиционите сили, извршија повеќе од 30 напади во околината на Рамади.

XS
SM
MD
LG