Линкови за пристапност

Продолжуваат борбите за Рамади


Портпаролот на коалицијата предводена од САД е претпазлив во проценката на мисијата велејќи дека е неопходна, но потребно е одредено време за резултат

Ирачките трупи во средата продолжија со борбите во градот Рамади против милитантите на Исламската држава, каде се обидуваат да ја повратат изгубената територија и повторно да воспостават контрола.

Веќе два дена има интензивни битки и фокусот е на владиниот комплекс во градот. Официјалните власти на Ирак изразија оптимизам дека безбедносните сили ќе воспостават контрола врз Рамади за неколку дена.

Портпаролот на коалицијата предводена од САД која ги поддржува ирачките сили со воздушни напади врз цели на Исламската држава, полковникот Стив Варен, е претпазлив во проценките на мисијата, велејќи дека преземањето на Рамади е неопходно, но ќе биде тешка борба и е потребно одредено време.

Тој процени дека има од 250 до 350 милитанти во градот и неколку стотини во околината.

XS
SM
MD
LG