Линкови за пристапност

Рамади - важна победа за ирачките сили


Американските претставници го поздравија „напредокот“ но се воздржаа од декларирање на градот како ослободен

Ирачките воени сили во вторникот работеа на расчистување на Рамади од борци на Исламската држава, деактивирање на бомби од улиците и зградите додека во исто време имаше судири на периферијата од градот.

Падот на Рамади под власт на Исламската држава во мај, беше голем удар за владата и армијата на премиерот Хаидер ал-Абади додека се обидуваа да ја спроведат својата кампања за спротивставување на милитантите.

Но, после успехот во понеделникот за време на последната офанзива за повторно заземање на Рамади, Абади се огласи на ирачката телевизија за да ја прогласи 2016-та како година кога Исламската држава ќе биде протерана од Ирак. Тој изјави дека вториот по големина најголем град во државата е следната цел на армијата.

„Доаѓаме да го ослободиме Мосул и тоа ќе биде фатален, конечен удар за Исламската држава“ изјави тој.

Исламската држава владее во Мосул од јуни 2014-та година кога групата зазеде голема територија во северниот и западниот дел на Ирак како и во источниот дел на Сирија.

САД го поздравија успехот на ирачките сили, но не отидоа до таму да го прогласат Рамади за ослободен град.

„Континуираниот напредок на ирачките безбедносни сили во борбата за повторно заземање на Рамади е потврда за нивната храброст и решителност и нашата заедничка заложба за протерување на ИСИС од нивните засолништа“, кажа Белата куќа.

И секретарот за одбрана Аш Картер случувањата од понеделникот во Рамади ги нарече „напредок“.

Државниот секретар Џим Кери изјави дека „ирачката армија се бори со решителност, храброст и има вештина да го дислоцира непријателот и да го доближи денот кога градот повторно ќе им биде вратен на семејствата кои избегале од теророт на ИСИС.“

XS
SM
MD
LG