Што: Милиони муслимани почнаа да го празнуваат Рамазан, деветиот и најсветиот месец во Исламскиот календар.
Што се случува: Во период од еден месец, муслиманите од изгрејсонце до зајдисонце, се воздржуваат од јадење, пиење и од други физички потреби, како што се пушењето и сексот. Најмалку два оброка на ден се јадат: суфур - пред зора, и ифтар - на залез на сонцето.
Зошто: Постот има цел да ја прочисти душата, да ја зголеми вербата во Господ, да ги потсети луѓето за страдањата на несреќните, како и да создаде жртва и самодисциплина.
Очекувања: Деца под 12-годишна возраст, стари лица, болни, жени кои се бремени, на нега или кои се во менструален период, како и луѓе кои патуваат се изземени од постот.
Како се утврдува датумот: Mуслиманите го користат месечевиот календар и Месечината за да го утврдат датумот, што значи дека разни држави може да почнат со празнување на Рамазан, со разлика од ден или два дена.
Понеделнички обред: Индонезија, најпознатата муслиманска земја во светот, како и Саудиска Арабија, Сингапур, Јемен, Либан, Сирија, Катар, Кувајт, Јордан, Египет, Обединетите Арапски Емирати, Авганистан, Централна Азија, Палестински територии, и САД меѓу другите.
Вторнички обред: Пакистан, Иран и поголемиот дел од Индија.
Крај на Рамазан: Оваа година, Рамазан завршува на 5 јули, и е проследен со три дена празник.