Линкови за пристапност

Дали е полесно да се одгледуваат момчиња од девојчиња?


Според неодамнешната анкета на Галуп, 54 отсто од Американците велат дека е полесно да се одгледуваат момчиња, отколку девојчиња. 27 проценти мислат спротивно.

„Кога Галуп за прв пат го постави ова прашање во 1947-та година, 42 отсто од Американците се изјасниле дека момчињата е полесно да се подигнат, 24 проценти рекле дека тоа е случај со девојчињата, додека 24 отсто рекле дека нема никаква разлика“, се вели во студијата.

„Резултатите беа речиси идентични во следното ажурирање, четири децении подоцна - во 1990-та година. Но, оттогаш, процентот во корист на момчиња е зголемен, а процентот на оние кои велат „нема разлика“, се намалил.

Галуп открил дека мажите и младите биле посклони да кажат дека момчињата се полесни за подигање.

Меѓу Американците на возраст од 18 до 29 години, 62 отсто рекле дека машките деца се полесни. Галуп додаде дека како што стареат луѓето, тие ограничувањата до одреден степен се намалуваат.

„И покрај зголемениот акцент на еднаквоста на жените и женските права во САД последниве години, мнозинството Американци и понатаму велат дека момчињата се полесно да се подигнат од девојчињата“, вели Галуп.

„Основата за овие ставови може да се бара во верувањето дека девојчињата се поемотивни, особено за време на нивните тинејџерски години“, се наведува во истражувањето.

Според статистичките податоци на Обединетите нации за 2015-та година, во САД се родиле 104,6 момчиња на секои 100 девојчиња. Глобалниот просек е 107 момчиња на 100 девојчиња. Земја со најголем сооднос на машки бебиња била Азербејџан, со 118,9, а втора е Кина, со 115,9.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG