Од пекарско мелничката индустрија без информација за јавноста до кога нема да ги испорачуваат најкупуваните два типа на леб, од надлежните исто така молк. Граѓаните револтирани, инспекциите на терен. Поскапи типови на леб за граѓаните има
СКОПЈЕ – Пекарите, како и Владата, ги оставија најавите и престанаа да испорачуваат бел и полубел леб чија цена од денеска е замрзната на 33 денари. Рафтовите во маркетите остнаа празни а граѓаните во потрага по векна повеќе која останала како залиха од вчера. Останатите типови на леб, чии цени се далеку повисоки, ги имаше на рафтовите.
Граѓаните се револтирани и бараат итно решение на ситуацијата.
„Купив леб, секако. Мора да купам. Платив 60 денари. Немам можност да ја плаќам оваа цена. Затоа и купував евтин бел леб“, вели пензионерка од Скопје.
Други пак купиле леб уште вчера.
„Знаев дека ова ќе се случи. Со мојот стандард не можам да си дозволам поскап елб, диетален или р‘жан. Затоа вчера купив неколку векни и ги замрзнав. Белки ќе издржат додека да се договорат“, кажа нашиот соговорник.
Од пекарско мелничката индустрија денеска без никаква информација во јавноста до кога нема да произведуваат бел и полубел леб. Ниту од Владата не се огласија со став по остварувањето на најавите на пекарите.
Единстено инспекторите на Државниот пазарен иснпекторат може да се видат на терен како ја сумираат ситуацијата.
Владата вчера донесе одлука за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб со тежина над 450 грама на 33 денари. Одлуката ја образложија со фактот декапоевтинување на цените на леб нема и покрај мерките кои се на сила и дека дури 60 отсто од производителите кои користеле субвенциониурана струја ги задржале истите цени. Владата исто така одлучли и да ја укине субвенционираната струја по цена од 80 евра за компаниите од прехранбената индустрија а одлуката ќе стапи на сила од 1 април.
Претставниците на пекарската индустрија соопштија дека ќе претрпат големи загуби со замрзната цена и дополнително со укинувањето на субвенционираната струја и соопштија дека сеуште трошат залихи кои биле набавени по многу повисоки цени и се соочувале со одлив на работа сила и морале да ги зголемат платите.