Линкови за пристапност

Спласнува оптимизмот во Скопје за напредок во преговорите со Софија


Malku verojatno resenie so Bugarija 29.04.2021
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:35 0:00

Тешко е да се бара решение за проблемот во ситуација кога речиси е извесно дека во наредните месеци со Бугарија ќе управува техничка влада

Спласнува оптимизмот во Скопје за можноста да се постигне напредок во преговорите со Софија до почетокот на летото. Опцијата, што се сметаше за изводлива пред парламентарните избори во Бугарија, сега, по политичкиот ќорсокак во кој се најдоа водечките бугарски партии поради неможноста да се формира влада, резултира со песимистички проценки во врвот на македонската влада. Вицепремиерот за евроинтеграции вели дека нема гаранции дека во јуни ќе се деблокира интегративниот процес. Тоа, според Димитров, не значи дека треба да се кренат раце од преговорите и барањето прифатлив компромис.

„Или сите ќе бидеме губитници или ќе бидеме сите победници. Се разбира ние имаме многу што да изгубиме ако повторно нема почеток на преговорите и нема успех. Меѓутоа мислам дека и Бугарија има многу што да изгуби, бидејќи ја пропуштаме приликата и таа треба да ја вратиме, да имаме вистинско блиско партнерство и соработка. Тоа не оди и не е компатибилно со блокирање на процесот со политиката на вето. Ќе изгуби многу и ЕУ. Ќе биде многу тешко зборовите на ЕУ да бидат третирани со доверба и сериозност, не само кај нас, во целиот регион, изјави вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров.

Министерката за одбрана e попрецизна – вели дека е тешко да се бара решение за проблемот во ситуација кога речиси е извесно дека во наредните месеци со Бугарија ќе управува техничка влада.

„Искрена да бидам не очекувам без партнер од другата страна и со техничка влада можен пресврт во однос на односите со Бугарија за нашето членство во ЕУ. Но, она што треба да го правиме до јуни е да ги потсетуваме сите оти ние нашите обврски ги исполнивме и очекуваме ист тип посветеност и доследност и од страна на ЕУ“, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Наспроти бугарското блокирање на стартот на преговори со земјава, дел од земјите-членки на Унијата јасно порачуваат дека е време да продолжи проширувањето и дека е стратешка цел на ЕУ целосна интеграција на западниот Балкан.

„Веруваме дека двете земји Албанија и Северна Македонија треба заедно да ги почнат пристапните преговори. Така е полесно и за двете земји, а и за нас, бидејќи полесно ќе можеме да ги споделуваме искуствата, дури оние што ги има Словачка, кои не се само позитивни. Сигурен сум дека ако двете земји ги започнат преговорите заеднички, ќе можеме побрзо да ги донесе и Северна Македонија и Албанија во ЕУ. Тоа е стратешка цел на Словачка“, изјави заменик министерот за надворешни работи на Словачка Мартин Клус.

Бугарија најверојатно ќе оди на нови избори во наредниот период, зашто ниту една од водечките партии во новоизбраниот парламент не може да формира влада. Тоа, само дополнително ќе ги забави и усложни македонските евроинтеграции.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG