Линкови за пристапност

Исламска радикализација на универзитетите

Исламска радикализација на универзитетите
Исламска радикализација на универзитетите

Истрага од група на безбедносни аналитичари нашла докази дека исламисти оперираат на универзитет во Лондон.

Градскиот универзитет е една од најпрестижните институции во главниот град на Британија и привлекува луѓе од цел свет.

Но, нова истрага тврди дека некои членови на универзитетското Сунитско исламистичко друштво прави екстремни интерпретации на исламот и се обидува да ги радикализира другите муслимани на универзитетот.

Извештајот делумно бил заснован на аудио снимки од петочните молитвени миси, како оваа на претседателот на друштвото Салех Пател кој вели вака:

„Кога ни велат дека исламистичката држава не` учи да му ја исечеме раката на крадецот, тоа е така навистина. Исто така не` учи да го каменуваме неверниот. Кога ни кажуваат дека исламистичката држава не` учи да го убиеме отпадникот, точно е. Тоа е она што Алах и неговиот гласник не` учат“.

Аналитичарката Луси Џејмс од Фондацијата Квилијам, што ја изведе истрагата, вели дека некои од членовите на друштвото поттикнуваат на насилнички акции:

„Има многу нетолерантни и речиси насилнички форми на исламот што се покажаа присутни. На пример, оние што не се молат пет пати на ден треба да бидат убиени, а хомосексуалците да бидат фрлени од врв на планина. Тоа е екстремен вид на вахабизам измешан со политичка форма на исламизам што создало страшна творба“.

Членовите на исламското друштво на Градскиот универзитет не прифатија покана за интервју.

Ситуацијата со овој универзитет особено дојде во фокусот по неуспешниот обид за самоубиствен напад на авион насочен кон Детроит минатата година, на Божиќ. Наводниот бомбаш, Нигериецот Омар Фарук Абдулмуталаб, минал три години на колеџот во Лондон од 2005, станувајќи претседател на исламистичкото друштво во неговата втора година на универзитетот. Тој подоцна заминал да студира во Јемен и се верува дека планирал напад со помош на оперативци на ал-Каида што таму имале седиште.

Универзитетските власти велат дека не можат, ниту пак треба, да вршат надзор над секоја активност на нивните студенти. Но се` почесто тие се наоѓаат на првата линија на битката меѓу екстремистичките погледи и промовирањето на слободен говор.

Градскиот универзитет е една од најпрестижните институции во главниот град на Британија и привлекува луѓе од цел свет.

Но нова истрага тврди дека некои членови на универзитетското сунитско исламистичко друштво прави екстремни интерпретации на исламот, и се обидува да ги радикализира другите муслимани на универзитетот.

Извештајот делумно бил заснован на аудио снимки од петочните молитвени миси. Како оваа на претседателот на друштвото Салех Пател кој вели вака:

„Кога ни велат дека исламистичката држава не` учи да му ја исечеме раката на крадецот, тоа е така навистина. Исто така не` учи да го каменуваме неверниот. Кога ни кажуваат дека исламистичката држава не` учи да го убиеме отпадникот, точно е. Тоа е она што Алах и неговиот гласник не` учат.

Аналитичарот Луси Џејмс , од Фондацијата Квилијам, што ја извела истрагата, вели дека некои од членовите на друштвото поттикнуваат на насилнички акции:

„Има многу нетолерантни и речиси насилнички форми на исламот што се покажаа присутни. На пример, оние што не се молат пет пати на ден треба да бидат убиени, а хомосексуалците да бидат фрлени од врв на планина. Тоа е екстремен вид на вахабизам измешан со политичка форма на исламизам што создало страшна творба“.

Членовите на исламското друштво на Градскиот универзитет не прифатија покана за интервју.

Ситуацијата со овој универзитет особено дојде во фокусот по неуспешниот обид за самоубиствен напад на авион насочен кон Детроит минатата година на Божиќ. Наводниот бомбаш, Нигериецот Омар Фарук Абдулмуталаб, минал три години на колеџот во Лондон од 2005, станувајќи претседател на исламистичкото друштво во неговата втора година на универзитетот. Тој подоцна заминал да студира во Јемен и се верува дека планирал напад со помош на оперативци на ал-Каида што таму имале седиште.

XS
SM
MD
LG