Линкови за пристапност

Про-руски политичар стана претседател на Бугарија


Со изборот на генералот Радев премиерот Бојко Борисов даде оставка

Кандидатот на Бугарската социјалистичка партија (БСП), генерал Румен Радев победи на претседателските избори во земјата.

Според речиси целосно обработените резултати, поранешниот командант на воздухопловните сили и про-руски политичар освоил околу 60 проценти од гласовите.

Цецка Цачева, кандидатката на владејачката централно -десничарска партија ГЕРБ, освои значително помал број на гласови.

Премиерот Бојко Борисов му честиташе на Радев и ја објави својата оставка, по она што политичките аналитичари го нарекоа „катастрофален пораз“ велејќи дека било јасно дека владејачката коалиција нема мнозинство, и во таква ситуација не може да продолжи да ги спроведува реформи.

Радев треба да го преземе пет годишниот мандат на 22 јануари. Негова прва обврска е да свика предвремени парламентарни избори следната година, поради поднесената оставка на Борисов.

Аналитичарите шпекулираат дека неочекувана победа на Радев ќе го зајакне политичкото влијание во поранешната комунистичка земја, една од најсиромашните членки на Европската унија. Шпекулациите ги подгреа ставот на Радев искажан за време на кампањата за симнување на западните санкции кон Русија, воведени за улогата на Москва во украинската криза во 2014-та.

Освен ова, мнозинството од 7,2 милиони граѓани на Бугарија имаат културни врски со Русија, која обезбедува поголем дел енергетските потреби во земјата.

XS
SM
MD
LG