Проекциите инцидираат дека малку ќе се промени во Претставничкиот дом, со републиканците кои остануваат мнозинство, зашто многу гласачи во многу сојузни држави ги реизбраа оние кои се на функција од двете партии. Тоа значи дека конгресменот Џон Бејнер, републиканец, од клучната држава Охајо, најверојатно ќе остане на местото спикер на Претставничкиот дом, а Ерик Кантор од друга клучна држава, Вирџинија, најверојатно ќе остане лидер на мнозинството.
Сите 435 места во Претставничкиот дом беа на избор и на демократите би им требале уште 25 места за да ја преземат контролата.
Некои клучни трки за американскиот сенат се` уште се премногу блиски да се каже кој победил.
Гласачите избираат и 33 сенатори во Сенатот, што е една третина од ова тело, во моментов под контрола на Демократската партија. На републиканците им требаат четири победи за да ја добијат контролата.