Линкови за пристапност

Работната група за уставни измени ја одржа втората седница, нова средба закажаа во четврток


Нејасно е дали работната група за уставни измени ќе успее во наредните денови, или најдоцна до идната недела, како што посакува владата, да испорача првичен текст на амандманите. Ова тело, на денешната седница, прва по конситутирањето во април, не успеало да се договори за деловникот за работа. „Имаше солидна дискусија и се надеваме дека на средбата в четврток ќе се усогласиме за деловникот“, коментираат членови на групата.

Работната група за подготвување на предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот денеска одржа седница на која се дискутираше за Деловникот, методологијата и начинот на работа. Средбите ќе се интензивираат во наредниот период, информираат од министерството за правда. Во групата, која брои 23 члена - десет претставници од политичките партии, 10-мина експерти и тројца претставници на СЕП, МНР и кабинетот на шефот на државата, опозицијата не делегираше свои членови.

Втора седница на работната група за уставни измени
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:11 0:00

Идејата на владата, како иницијатор, е откако ќе се има првична верзија на текстот на измените, за нив да се отвори да јавна дебата, да се усогласат позициите и да се пратат во собранието пред летните одмори.

„Добро е што побрзо да го имаме текстот на уставните измени, ако не оваа, најдоцна до наредната недела да го имаме текстот на амандманите. Очекувам да го стигнеме рокот до ноември, но тоа зависи од динамиката во собранието и поставувањето на календарот на уставни измени, но сметам дека таа процедура треба да почне пред летните одмори“, изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Владата останува оптимист дека иницијативата за уставни измени ќе помине, иако опозицијата е јасно против, а без неа се нема двотретинско мнозинство неопходно за заокружување на целиот процес и вметнување и на Бугарите во преамбулата што е услов за отворање на преговарачките поглавја. Премиерот Ковачевски, во интервју за „Гласот на Америка“ изјави дека „членството на ЕУ, кое значи подобар животен стандард на граѓаните, повисоки плати, подобар правен систем, подобро владеење на правото, не може да биде заложник на кариерата на еден човек или на една политичка партија“.

XS
SM
MD
LG