Линкови за пристапност

Кралицата Елизабета во посета на Њујорк


Кралицата последен пат се обратила во ОН во 1957, четири години откако била крунисана.

Британската кралица Елизабета прави куса посета на Њујорк во вторник, каде ќе се обрати на Генералното собрание на ОН и ќе положи венец на местото каде на 11 септември 2001 се случија терористичките напада на Светскиот трговски центар.

Осумдесет и четиригодишниот монарх и нејзиниот сопруг, принцот Филип, Војводата од Единбург, ги минаа последните девет дена во Канада, каде го славеа 143-от роденден на државата и ја одбежаа стогодишнината на канадската морнарица.

Канада е членка на Британскиот комонвелт на поранешни колонии.

За време на престојот во Њујорк, Кралицата Елизабета формално ќе ја отвори Британската градина на сеќавањето, која е посветена на 67 британски граѓани кои загинале во нападот од 11 септември.

Таа е лоцирана на Плоштадот Хановер, во близина на местото наде беше Светскиот трговски центар.

Кралицата последен пат се обратила во ОН во 1957, четири години откако била крунисана. Во говорот во вторник се очекува таа да апелира за единство во светот и мир.

XS
SM
MD
LG