Линкови за пристапност

Пуздер се повлече од номинацијата секретар за труд


Jа загуби поддршката од законодавците

Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за секретар за труд, Ендрју Пуздер се повлече од номинацијата, на само еден ден пред закажаното конгресно сослушување.

Портпаролот на Белата Шон Спајсер го потврди повлекувањето на Пуздер.

Пуздер е првата номинација на Трамп кој се повлекол, откако тој ја изгуби поддршката во Сенатот.

Пуздер беше центар на серија на контроверзи, меѓу кои нeплаќањето на даноци за поранешен куќен помошник во период од пет години, кој немал дозвола за работа во САД.

Оваа создаде политички проблеми кај републиканците кои имаат цврст став по даноците и имиграцијата.

Демократските групи исто така се подготвуваа за спротивставување на номинацијата на Пуздер поради неговите ставови против поголема минимална плата и зголемување на бенефициите за работниците кои работат прекувремено.

XS
SM
MD
LG