Линкови за пристапност

Про-руски сили го зазеле седиштето на украинската морнарица


Извештаите велат дека тоа се случило без насилство зашто украинските војници не пружиле отпор.

Про-руските сили ја презедоа контролата на седиштето на украинската морнарица во кримското пристаниште Севастопол, еден ден откако Русија потпиша договор со локалните власти да го направи Крим дел од Русија.

Сведоците велат дека најмалку 200 од невооружените сили за самоодбрана влегле во базата во среда и кренале руско знаме. Немало насилство и се известува дека украинските војници не дале отпор на преземањето.

Илјадници руски војници го презедоа Крим последниве недели. Регионот со мнозинство Руси гласаше во неделата на референдум за отцепување од Украина и приклучување на Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин со потезите за анексирање на Крим ги разлути САД и ЕУ, кои референдумот го прогласија за илегален и поставија санкции на Русија како одговор.

Но Путин му кажа на рускиот парламент во вторникот дека гласањето било легално и дека Крим секогаш бил „неотуѓив“ дел од Русија.
XS
SM
MD
LG