Линкови за пристапност

Путин може да поддржи напад на Сирија доколку се увери во доказите


Во исто време рускиот претседател ги предупредува САД да не преземаат акција без авторизација од ОН

Рускиот претседател Владимир Путин вели дека не отфрла поддршка за авторизација од ОН за армиска сила против Сирија доколку има доказ дека владата употребила хемиско оружје против цивили.

Тој за Асошиетед прес и руската телевизија кажа дека САД треба да презентираат „убедлив“ доказ пред ОН, и ги предупреди САД против преземање на воена акција без одобрение од ОН.

Путин исто така кажа дека Русија го суспендирала доставувањето на компоненти за проектили земја-воздух од типот S-300 на Сирија, но дека ке го земе тоа повторно во предвид ако се преземени чекори што „ги кршат меѓународните норми“.

Русија е домаќин на самитот на Г20 подоцна неделава во Санкт Петерсбург, каде Сирија се очекува да биде високо на агендата.

Американскиот претседател Барак Обама бара домашна и меѓународна поддршка за преземање акција против Сирија. Тој ќе застане во Стокхолм за еднодневна посета пред да оди во Русија.

Во меѓувреме, клучна комисија на американскиот сенат ќе гласа во среда по мерка за авторизирање на воена сила. Лидерите на Комисијата за односи со странство доцна во вторникот се согласија на детали на планот што на Обама ќе му даде авторитет да нареди ограничен напад против сириски армиски цели за 60 дена. Тој би можел да го прошири тој период за уште 30 дена под одредени услови. Резолуцијата нема да авторизира употреба на копнени трупи.

Пред да влезе во сила резолуцијата мора да добие поддршка од Сенатот и од Претставничкиот дом во полн состав.
XS
SM
MD
LG