Линкови за пристапност

Путин вели дека рачна граната внатре во авионот на Пригожин е причината за падот


Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека рачни гранати, а не ракетен напад, ја предизвикале авионската несреќа во која загина водачот на платениците на Вагнер, Евгениј Пригожин.

„Во телата на загинатите во несреќата се пронајдени фрагменти од рачни гранати“, изјави Путин на состанокот на клубот за дискусии „Валдаи“ во црноморското одморалиште Сочи.

Рускиот лидер рече дека шефот на рускиот истражен комитет за несреќата го известил пред неколку дена за своите наоди.

„Немаше надворешно влијание врз авионот - ова е веќе утврден факт“, рече Путин, навидум отфрлајќи ги тврдењата на неидентификувани американски официјални лица кои рекоа веднаш по падот на авионот дека е соборен.

Некои западни функционери рекоа дека Путин го наредил убиството на Пригожин, чии платеници се бореле заедно со руските трупи во Украина, откако лидерот Вагнер водеше краткотраен бунт против Кремљ кон крајот на јуни.

Илјадници војници на Пригожин потоа се населиле во Белорусија, иако неодамна неколку стотици се вратија на фронтот во Украина за да продолжат со борбите за Русија.

Путин не даде детали за тоа како можело да се активира граната во авионот. Но, тој ги обвини инспекторите затоа што не извршиле тестови за алкохол и дрога на жртвите од несреќата, имајќи предвид дека одредена количина на кокаин била пронајдена претходно во канцеларијата на Вагнер во Санкт Петербург.

Некои материјали во овој извештај се од Ројтерс.

XS
SM
MD
LG