Линкови за пристапност

Путин ги повика сепаратистите во Украина да го одложат референдумот


Рече дека го упатува повикот за да се „создадат неопходни услови за дијалог“ со украинската влада.

Рускиот претседател Владимир Путин го повика проруските сепаратисти во источна Украина да го одложат референдумот за отцепување, закажан во недела.

По денешната средба во Москва со претседавачот на ОБСЕ, Дидие Буркхалтер, Путин кажа дека го упатува повикот за да се „создадат неопходни услови за дијалог“ со украинската влада.

И додека Путин ги обвинува властите во Киев за кризата, тврдејќи дека дошле на власт со државен удар и не ги разоружале радикалните десничарски и националистички елементи, тој сепак рече дека кризата треба да се реши што е можно поскоро, „со оглед на интересите на сите украински граѓани, без оглед каде живеат“.

Проруските сепаратисти во регионот на Донецк закажаа референдум на 11-ти мај, на кој гласачите би се изјасниле за или против „Народна Република Донецк“.
XS
SM
MD
LG