Линкови за пристапност

Путин: Можам да докажам дека Трамп не пренел никакви тајни


Претседателот на Русија изјави дека може да достави запис од средбата меѓу Трамп и руските дипломати во Белата куќа

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека претседателот Доналд Трамп не му пренел никакви доверливи информации на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, за време на минатонеделната средба во Белата куќа, и дека има запис да го докаже тоа.

За време на заедничката прес-конференција со италијанскиот премиер Паоло Џентилони, Путин кажа дека Лавров не му пренел наводни тајни, и е расположен да ги предаде записите од разговорот.

Претседателот Трамп ги брани своите ставови, по медиумските извештаи дека тој споделил чувствителни разузнавачки информации со Лавров и рускиот амбасадор во Вашингтон, Сергеј Kисљак.

Трамп и неговите советници порекнаа дека тој пренел какви било информации коишто би компромитирале извори или методи на собирање разузнавачки материјал. Советникот за национална безбедност Херберт Мекмастер, дискусијата на Трамп со руските дипломати ја нарече „целосно соодветна“.

Според новинските извештаи, доверливите информации се однесувале на можен план на организацијата Исламска држава, во авиони да внесе бомби скриени во лаптоп компјутери.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG