Линкови за пристапност

Мали очекувања за средбата Трамп - Путин


Критичарите тврдат дека сите чекори кон соработката најверојатно ќе бидат ограничени на реторика

Првата средба меѓу претседателот на САД Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, ќе се одржи на маргините на самитот на Г-20 во Хамбург.

Кремљ вели дека тероризмот, како и Сирија и Украина, ќе бидат на врвот на агендата.

Од Белата куќа велат дека претседателот Трамп ќе одлучи за што ќе разговара, нарекувајќи го „нормален билатерален состанок“

Но, Трамп може да покрене било каква тема, велат аналитичарите.

„Претседателот има свои мотиви, тој може да одлучи средбата да оди во друга, неочекувана насока. Ние мораме да бидеме подготвени. Ова е негов стил“, вели Стивен Сестанович од Совет за надворешни односи.

Сепак, тековните истраги за наводните врски на кампањата на Трамп со Русија, фрлаат сенка врз администрацијата, од каде се надеваат дека состанокот би можел да резултира во подобри односи.

„Се што се случува помеѓу Трамп и Путин ќе биде видено во тој контекст. Дали Трамп беше премногу пријателски настроен? Дали Трамп навистина се обидуваше да изгледа критички настроен кон Русија, за да ги избегне критиките дома? Мислам дека на повеќето од овие прашања, наскоро ќе ги слушнеме одговорите“, вели Хана Тобурн од Институтот Хадсон.

Но, малкумина очекуваат Трамп да го покрене прашањето за руските хакерски напади, за кои американската разузнавачка служба вели дека му помогнале да победи на изборите во САД

На московските улиците, Русите сè уште се надеваат дека по средбата на двајцата лидери - односите ќе се подобрат.

„Ваквата ситуација не може да трае долго. Ако не соработуваме, не напредуваме“, вели жител на Москва.

Критичарите тврдат дека сите чекори кон соработката најверојатно ќе бидат ограничени на реторика.

Без оглед на исходот, билатералната средба е победа за Кремљ, велат некои аналитичари. Ако тргне на лошо, Русија ќе го обвини САД. Ако се оди добро, Путин ќе си ја земе заслугата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG