Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека веројатно ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин да разговараат за конфликтот во источниот дел на Украина, додавајќи дека сите страни се на „завршна линија“ да се договорат за прекин на огнот, објави Ројтерс.
„Ми изгледа дека се` упатува на фактот дека овој состанок ќе се случи“, рече тој.
Русија почна да ги повлекува трупите минатата недела, и Путин рече дека би сакал да се сретне со Зеленски во Москва.
Украинскиот претседател, пак, соопшти дека му дал инструкции на шефот на неговиот Кабинет да го контактира Кремљ, со цел да разговараат кога и каде би можеле да се сретнат двајцата лидери.
Facebook Forum