Линкови за пристапност

Путин: Наводите за мешањето на Русија во САД се „смешни“


Пред да објави Трамп дека ќе се кандидира за претседател на САД, ние немавме никаков интерес за него

Рускиот претседател Владимир Путин негираше дека имал компромитирачки информации за американскиот претседател Доналд Трамп и ја нарече идејата дека Русија се мешала во претседателските избори во 2016-та година „смешна“.

Интервјуто со Путин на телевизискиот канал Фокс њуз го направи Крис Валас, а беше емитувано во понеделникот вечерта откако рускиот лидер се сретна со Трамп на самитот во Хелсинки.

„Ние немаме ништо но, може да имаме нешто со нив. Не сакам да го навредам претседателот Трамп кога ќе го кажам ова, затоа што може да звучи дрско. Но, пред да објави Трамп дека ќе се кандидира за претседател, ние немавме никаков интерес за него“, изјави Путин.

Путин, исто така, одби да зборува на темата поврзана со обвиненијата на Роберт Мулер против десетина руски официјални лица.

Што се однесува до самитот, Путин го прогласи за „почеток на патот“ кој започнува од неуспешните обиди на Западот за изолација на Русија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG