Линкови за пристапност

Путин го одложи гласањето за уставни промени да остане на власт до 2036 година


Новиот датум ќе биде утврден согласно препораките на здравствените експерти

Рускиот претседател Владимир Путин го одложи гласањето за уставни промени закажано за 22 април, поради пандемијата со коронавирус. Уставните измени би му овозможиле да остане на власт до 2036 година.

Во телевизиско обраќање, Путин рече дека новиот даум за гласање ќе биде утврден, согласно препораките на здравствените експерти.

Недели откако беше објавен планот за измени на Уставот во јануари, Путин сигнализираше поддршка за уште една промена, која би му овозможила да бара реизбор во 2024 година, и потенцијлно да остане на власт до 2036.

При денешното обраќање, Путин потенцираше дека Владата не сака граѓаните, освен оние кои работат во суштинските сектори, да одат на работа следната недела, додека продавниците, аптеките и банките ќе останат отворени.

„Здравјето, животот и безбедноста на граѓаните апсолутно е наш приоритет“, рече Путин.

Изјавата на Путин доаѓа откако државата регистрираше над 658 заразени, што е повеќе од 495 случаи заклучно со вчерашниот ден.

Вкупно 112.000 луѓе се во самоизолација.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG