Линкови за пристапност

Очекувана победа на Владимир Путин


Тој е на власт како претседател или премиер од 1999-та

Гласачите на Русија повторно го избраа Владимир Путин за претседател. Путин е подготвен да го започне својот нов шестгодишен мандат како лидер на Русија, со повеќе од 76 отсто од гласовите. Тој е на оваа функција веќе 18 години.

Анкетите за јавното мислење покажале дека тој ја имал најголемата поддршка за разлика од неговите ривали.

Синоќа Путин им се обрати на илјадници луѓе на плоштадот Манежјана во близина на Кремљ. Тој ги поздрави оние што гласаа за него и ги нарече „голем национален тим“.

Запрашан дали повторно ќе го побара претседателството, во 2030-та година, 65-годишниот руски лидер рече: „Тоа е смешно. Дали мислите дека ќе седам тука додека не наполнам 100 години“?

Путин се соочи со седум против-кандидати, кои го предводеа целиот спектар од екстремно десничарски популистички кон екстремно комунистички левичари, но немаше реална закана од кој било од нив.

Најблискиот ривал на Путин беше лидерот на опозицијата, Алексеј Навални, кој беше дисквалификуван од трката на изборите кога беше осуден за проневера во декември, минатата година. Со оглед на петгодишната условна казна, Навални рече дека пресудата е политички мотивирана, за да биде тргнат од претседателската трка.

Путин е на власт како претседател или премиер од 1999-тата година. Тој направи ротација помеѓу двете позиции за да го заобиколи рускиот закон, кој забранува повеќе од два последователни претседателски мандата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG