Линкови за пристапност

Путин наредил „значајно“ повлекување на руските сили од Сирија


Рускиот претседател Владимир Путин индицираше дека наредил „значително повлекување“ на руската армија од Сирија, по преземањето на контролата во поголем дел од државата.

Рускиот претседател ги посети Турција, Сирија, и Египет осврнувајќи се на политички, економски и воени прашања.

За време на прес конференцијата во Каиро, Путин рече дека наредил повлекување на „значаен“ дел од руските воени сили кои спроведуваат воени операции во Сирија.

Рускиот претседател рече дека руската армија со помош на руското воздухопловство е близу до враќање на контролата врз целата територија на Сирија и дека во голема мера руските цели се постигнати.

Путин истакна дека Москва ќе се фокусира на „националниот дијалог“ во Сирија и побара поддршка од Египет за да се донесат различните страни на заедничка преговарачка маса.

Посетата на Путин на Каиро уследи по неговата неочекувана посета на руската воздухопловна база во Латакија, Сирија каде се сретна со сирискиот претседател Башар ал Асад.

Сириските медиуми објавија дека Асад му се заблагодарил на Путин за „улогата на Русија во борбата против тероризмот во Сирија“.

Рускиот претседател вети дека ќе му помогне и на Египет во борбата против тероризмот, мислејќи на нацрт воениот договор што го потпиша рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу за време на ноемвриската посетата на Каиро.

Путин рече дека Египет и Русија се согласиле да ја зголемат воената соработка и да ги зајакнат капацитетите на египетската војска во борба против тероризмот.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси и Путин ја критикуваа одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за преместување на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG