Линкови за пристапност

Путин посетил два региони на Украина 


Кремљ објави видео на кое се гледа како Путин им кажува на командантите дека е важно да го слушне нивното мислење и да „размени информации“. 
Кремљ објави видео на кое се гледа како Путин им кажува на командантите дека е важно да го слушне нивното мислење и да „размени информации“. 

Рускиот претседател Владимир Путин ги посетил украинските региони Херсон и Луганск каде што добил рапорт од воените команди, соопштија руските власти.

Кремљ објави видео на кое се гледа како Путин им кажува на командантите дека е важно да го слушне нивното мислење и да „размени информации“.

Херсон, во источна Украина и Луганск во јужна Украина, се два од регионите за кои Путин тврдеше дека ги присвоил во септември минатата година, а ова беше категорично отфрлено од Генералното собрание на ОН.

Исто така во вторникот, министрите за надворешни работи од Групата седум земји дода заедничка изјава во која ја нарекоа руската инвазија на Украина „сериозно кршење на меѓународното право“ и бараат од Русија веднаш да ги повлече своите трупи без услови.

Министрите на Г-7, исто така, ветија дека ќе ги задржат руските средства во нивните јурисдикции замрзнати „додека не дојде до решение на конфликтот што ќе го реши руското кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“.

Лавов е пак во Бразил

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во понеделникот рече дека Москва сака брз крај на конфликтот со Украина. На прес-конференција со бразилскиот колега Мауро Виеира во Бразилија, Лавров му се заблагодари за „разбирањето на отпочнатата ситуација во Украина“ и додаде дека Русија има „интерес“ конфликтот да заврши што е можно поскоро.

Русија повтори дека сите мировни преговори во Украина мора да ја признаат „реалноста“ на руската еднострана анексија на четири украински провинции.

Белата куќа остро го критикуваше официјален Бразил за личната средба со Лавров, додека пак со украинските власти имале само телефонски разговор.

Бразилскиот министер за надворешни работи ги отфрли критиките.

Дел од информациите се од АП, агенцијата Франц прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG