Линкови за пристапност

Путин негира руско мешање во изборите во САД


Рускиот претседател денес имаше средба со германската канцеларка Меркел

Рускиот претседател Владимир Путин негираше дека Русија била вмешана во минатогодишните американски претседателски избори, велејќи дека наводите се „едноставно гласини“ и се користат за политички цели во САД.

Путин ова го кажа на заедничката прес конференција со германската канцеларка Ангела Меркел, која имаше средба со рускиот претседател во Сочи. Германско-руските односи се влошија по руската интервенција во граѓанската војна во Сирија и анексија на територии во соседна Украина.

Забелешките на Путин се во спротивност со наодите на американските разузнавачки агенции, кои велат дека Русија е одговорна за хакирањето на електронските пораки на Демократската партија, и имале за цел да му помогнат на републиканецот Доналд Трамп и да и наштетат на демократката Хилари Клинтон за време на изборите.

Пред средбата, Путин изјави дека средбата е можност да разговараат за Украина и Сирија, иако Меркел сигнализираше дека не очекува голем пресврт.

Двајцата лидери последен пат се состанаа во Германија во октомври минатата година, во обид за заживување на мировниот процес во источна Украина. Иако мировниот договор со посредство на Германија и Франција од 2015-та година помогна за намалување на борбите, насилството продолжи.

Во врска со Сирија, Германија цврсто се противи на руската поддршка за претседателот Башар Ал Асад. Меркел укажа на тоа дека Русија е делумно одговорна за жртвите предизвикани од воздушните напади во цивилни области.

Путин за време на посетата на Германија во март на министерот за надворешни работи му кажал дека „нашата заедничка цел е нормализирање на односите и да осигуриме дека сите тешкотии со кои се соочуваме се надминливи.“

За време на состанокот, Меркел побарала од Путин да помогне во обезбедувањето на правата на хомосексуалците во Чеченија, еден ден откако руската полиција во Санкт Петерсбург уапси 20-тина активисти за правата на хомосексуалците.

Путин застана во одбрана на руската полиција, велејќи дека тие дејствувале во рамките на законот.

„Органите на редот во Русија се однесуваат на многу повоздржан начин отколку нивните колеги во другите европски земји“, кажа Путин на прес-конференцијата.

(Вејни Ли)

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG