Француски претседател Емануел Макрон, руската телевизија „РТ“ и „Спутник“ кои ја следеа тет-а-тет средбата со рускиот претседател Владимир Путин, ги нарече медиуми што шират пропаганда.
Макрон додаде дека тие биле „органи на влијание и пропаганда“ против него за време на претседателската кампања, додека Путин и` давал поддршка на крајно десничарската ривалка, Марин Ле Пен. Наводните кибернетски напади врз кампањата на францускиот претседател исто така се поврзуваат со Русија.
Путин ги негираше обвинувањата за време на прес-конференцијата во палатата Версај, велејќи дека Кремљ не се обидел да влијае на гласањето во Франција.
Facebook Forum