Линкови за пристапност

Путин ќе разговара со лидерите на Кина и Индија на првиот самит по бунтот на Вагнер


Претседателот Владимир Путин оваа недела ќе учествува на неговиот прв мултилатерален самит по вооружениот бунт што ја потресе Русија.

Аналитичарите велат дека неговото учество на виртуелниот самит на Шангајската организација за соработка во вторник е можност да покаже дека ја има контролата по краткотрајниот бунт на началникот на платениците на Вагнер, Евгениј Пригожин.

Безбедносниот форум го основаа Русија и Кина во обид да се спротивстават на западните сојузи од Источна Азија до Индискиот Океан.

Домаќин на овогодинешниот настан е Индија како начин да се развијат нејзините глобални акредитиви.

Групата ги вклучува и централноазиските држави Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан, каде што руското влијание е длабоко, како и Пакистан, додека пак, Иран, треба официјално да се приклучи на самитот.

Извор: Асошиетед прес

XS
SM
MD
LG