Линкови за пристапност

Путин вели дека испораките на Ф-16 во Украина ќе го продолжат конфликтот


Севкупните стратешки цели на Русија не успеаја во Украина, изјави портпаролот на Стејт департментот
Севкупните стратешки цели на Русија не успеаја во Украина, изјави портпаролот на Стејт департментот

Рускиот претседател Владимир Путин изјави во вторникот дека западните испораки на борбени авиони Ф-16 на Украина само ќе го продолжат конфликтот.

Говорејќи на економски форум во Владивосток, Путин исто така рече дека од 1.000 до 1.500 Руси волонтираат за руската војска секој ден и дека 270.000 се пријавиле во текот на изминатите шест месеци.

Путин, рече дека украинската контраофанзива, започната во јуни за да се обиде да ја врати територијата од инвазијата на руските сили, не успеа.

Украинските сили повторно зазедоа некои села во источна и јужна Украина додека се обидуваа да ги пробијат руските одбранбени линии и минските полиња.

Соединетите Држави го објавија својот најнов пакет воена помош за Украина минатата недела, додека државниот секретар Антони Блинкен предводеше делегација во Киев за да се консултира со украинските лидери. Блинкен го опиша напредокот на контраофанзивата како „многу охрабрувачки“.

Соединетите Држави продолжуваат да го оценуваат напредокот што го постигнуваат украинските сили на теренот, а севкупните стратешки цели на Русија не успеаја во Украина, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер за време на брифингот со новинарите во понеделникот.

„Нивните цели беа да го заземат Киев, да го заземат мнозинството, ако не и целата земја, да ја соборат демократски избраната влада на Украина. Во сите тие работи тие не успеаја“, рече тој.

Милер истакна дека Украинците вратиле околу 50 отсто од територијата што Русија ја окупираше во екот на нејзината целосна инвазија.

Портпаролот на Стејт департментот рече дека еден показател за тешкотиите на Русија во одржувањето на нејзините воени напори е рускиот претседател Владимир Путин кој „патува низ својата земја, со капа во рака, за да го моли севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за воена помош“.

Администрацијата на Бајден, наводно, ја разгледува можноста за снабдување на Украина со ракети со поголем дострел кои се преполни со касетни бомби и кои би можеле да предизвикаат значителна штета подлабоко на територијата окупирана од Русија, според четворица американски претставници.

Откако го видоа успехот на касетната муниција испорачана во артилериски куршуми од 155 мм во последните месеци, САД размислуваат за испорака на Армиски тактички ракетни системи (ATACMS) кои можат да летаат до 306 километри и ракети со раководен ракетен систем за повеќекратно лансирање (GMLRS) кои имаат 72 - километар дострел и се преполни со касетни бомби, според новинската агенција Ројтерс. Ракетниот систем GMLRS ќе може да растера до 404 касетна муниција. Украина со месеци има верзија на системот GMLRS во својот арсенал,

Администрацијата на Бајден со месеци размислуваше за снабдувањето со ATACMS, плашејќи се дека нивната пратка во Украина ќе биде сфатена како премногу агресивен потег против Русија.

Некои информации за оваа содржина дојдоа од Асошиетед прес, Франс прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG