Линкови за пристапност

Путин и Ердоган го пуштија во употреба гасоводот „Турски поток“


Соработката од областа на енергетиката е основа за уште поголемо зближување на Русија со Турција, која е членка на НАТО. Но, во билатералните односи има и растечки разлики.

Рускиот претседател Владимир Путин е во посета на Истанбул по повод отворањето на нов гасовод помеѓу двете држави. Соработката од областа на енергетиката е основа за уште поголемо зближување на Русија со Турција, која е членка на НАТО.

Соработката на полето на енергетиката е високо на турско-руската билатерална агенда. Тоа е важно бидејќи ние не сме богати со нафта или гас и сме зависни од увоз.
Митат Ренде, поранешен турски амбасадор.


За време на посетата на Путин на Истанбул се очекува двата лидери да се осврнат на растечките разлики во нивните билатерални односи, вклучувајќи прашања од Сирија до Либија.

Гасоводот „Турски поток“ ќе го снабдува Истанбул со руски гас.

Турција како пазар и транзитна држава за руската енергија е темел за продлабочување на билатералните врски, оценуваат експертите.

„Соработката на полето на енергетиката е високо на турско-руската билатерална агенда. Тоа е важно бидејќи ние не сме богати со нафта или гас и сме зависни од увоз“, вели Митат Ренде, експерт за енергетика и поранешен турски амбасадор.

Но, билатералната тензија расте како што Турција се соочува со нови бегалци од Сирија поради егзодусот предизвикан од офанзивата на силите на Дамаск кои се поддржани од Русија.

Граѓанската војна во Либија е уште едно јаболко на раздорот. Ердоган испраќа војници како поддршка на владата во Триполи, која се бори против силите на Генералот Калифа Хафтар поддржан од руски платеници поврзани со Кремљ.

Хемијата меѓу Ердоган и Путин досега помагаше за надминување на политичките разлики. Експертите велат дека таа хемија сега ќе биде на тест со последните растечки разлики.

„Двајцата лидери се среќаваат многу често. Се чини дека многу добро им оди. Затоа е важно да се одржи дијалог насочен кон стеснување на разликите и да се најде заеднички именител во интерес на луѓето од регионот и интересите на Сирија како целина“, вели Ренде.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG