Линкови за пристапност

Каде е Путин?


Критичарите велат дека рускиот претседател во голема мера бил отустен, додека Москва се борела да го спречи ширењето на коронавирусот

Кога германските сили во 1941 го пробиле патот во Советскиот сојуз и ги уништиле Руските воздухопловни сили кај западната граница во рок од 48 часа, тогашниот советски диктатор Сталин се повлекол од јавноста неколку дена во неговата викендица.

Критичарите на претседателот Владимир Путин деновиве се навраќаат на сеќавањата за еднонеделната изолација на Сталин, велејќи дека сега Путин во голема мера бил отсутен, додека Москва се борела да го спречи ширењето на коронавирусот, а Санкт Петерсбург се подготвувал за зголемување на бројот на заразени.

Руските власти денес потврдија 3.388 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заразени во државата достигна 24.490.

„Кризата со КОВИД-19 ја истакнува една од карактерните особини на Путин, односно неговата навика да остави сериозните предизвици да бидат нечиј друг проблем“, вели колумнистот Марк Галеоти.

Во средината на март, Путин посети болница во Москва, откако претходно градоначалникот Сергеј Собијанин, предупреди дека епидемијата во градот била многу полоша отколку што покажувале официјалните бројки, и сугерирајќи дека Кремљ потфрлил да го процени брзото ширење на вирусот.

Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков, ја потцени заканата, велејќи дека „фактички нема епидемија во Русија, укажувајќи истовремено дека државата може да го одбегне ова сценарио.

„Една од главните теми денес е зошто Путин е речиси нeвидлив во ситуацијата со коронавирус“, вели Татјана Становаја од Московскиот центар Карнеги.

„Само двапати ѝ се обрати на нацијата, и еднаш посети болница. Никогаш не даде негово мислење за кризата, ниту предложи план за акција. Се ограничи на расфрлани мерки и општи зборови. Без драма, сочувство или обиди за мобилизација“, рече таа.

Поголемиот дел од времето Путин го поминува на неговиот имот во предградието на Москва.

Во неговите првични изјави од почетокот на кризата, тој рече дека секој гувернер поединечно ќе треба да одлучи какви мерки ќе воведе, со цел да се осигура здравјето, безбедноста на луѓето и одржливоста на економијата.

Независно што е причината за делегирање на гувернерите повеќето од напорите за справување со КОВИД-19, обичните граѓани се сомневаат за информациите кои ги добиваат од Кремљ во врска со ширењето на вирусот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG