Линкови за пристапност

Бајден подготвен да воведе економски санкции против Русија, Путин сака гаранција Украина да не влезе во НАТО


Претседателот на САД Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин денес одржаа виртуелна средба, во време кога Москва распоредува трупи на границата со Украина за можна инвазија, главна тема на нивните разговори.

Во пресрет на разговорите, Белата куќа рече дека Бајден бил подготвен да го предупреди Путин дека Русија ќе се соочи со тешки економски санкции ако изврши инвазија на поранешната советска држава, откако веќе го припои Крим во 2014 година.

Москва распореди 70.000 трупи покрај источната граница на Украина, што американски официјални лица се сомневаат на можна инвазија на почетокот на 2022 година.

Официјални лица на Белата куќа рекоа дека САД ќе утврдат вистинска цена против Кремљ ако ја лансира инвазијата.

Од друга страна, Путин сака САД да гарантираат дека НАТО алијансата никогаш нема да ја прими Украина како нејзина членка, барање што Американците и нивните 29 сојузници нема да го прифатат.

Пред состанокот, портпаролката на Белата куќа Џен Псаки рече дека „се консултиравме во голема мера со нашите сојузници и веруваме дека има пат напред што ќе предизвика значајна и голема штета на руската економија“, рече Псаки.

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен вчера телефонски разговараше со украинскиот претседател Володомир Зеленски.

Портпаролот на Стејт департментот рече дека американскиот дипломат го осигурал Зеленски дека САД даваат „неприкосновена поддршка за украинските суверенитет, независност и територијален интегритет“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG