Линкови за пристапност

Путин сака целосна транспарентност на изборите


Путин сака целосна транспарентност на изборите
Путин сака целосна транспарентност на изборите

Рускиот премиер Владимир Путин вели дека сака мартовските претседателски избори да бидат апсолутно транспарентни.

Путин се сретна со своите поддржувачи од кои побара да му кажат како да се одржат изборите чесни.

Премиерот инсистира дека нема потреба да го мести гласањето за да победи на претседателските избори.

Наводното лажирање на изборите за рускиот парламент од 4 декември предизвика најголеми протести од колапсот на Советскиот сојуз пред 20 години.

Организаторите на московските протести велат дека над 100 илјади луѓе се приклучиле на собирот на 24 декември на температури под нулата, надминувајќи ја цифрата на протестанти од порано месецов. Руската полиција процени дека излегле околу 28 илјади луѓе.

Активистите велат дека Обединетата руска партија на Путин добила тесно мнозинство во овомесечните парламентарни избори нелегално, преку местење на изборите. Тие сакаат отфрлање на резултатите и одржување на ново гласање. Тие исто така велат дека се потребни мерки за спречување на нови неправилности во изборите закажани за март, кога Путин се надева дека ќесе врати на местото што го држел од 2000 до 2008.

Московските демонстрации и помали собири против Путин во други градови се најголем израз на незадоволство во Русија од 1990-те. Рускиот претседател Дмитри Медведев одговори со ветување на реформи што ќе дозволат поголема конкуренција на изборите по 2012. Тој заминува од функцијата во март да направи место за кандидатурата на Путин.

Путин ги обвини САД за подбуцнување на анти-владини демонстрации. Тој исто така ги исмеваше анти-владините демонстрации. Кажа дека белите ленти личат на кондоми. Некои учесници на во саботните протести во Москва го исмејуваа премиерот со држење портрети од него со кондом врзан околу главата и со веење кондоми надувани како балони.

XS
SM
MD
LG