Линкови за пристапност

Путин е подготвен да разговара со Зеленски


Сепак, рускиот претседател рече дека тоа нема да се случи пред Украина да избере нов Парламент следниот месец

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека е подготвен да се сретне со новиот украински претседател Володимир Зеленски, за да преговараат да се стави крај на конфликтот меѓу двете соседни држави.

Денешната најава на Путин уследи по понудата на Зеленски да разговара со него, додека Британија, Франција, Германија и САД да функционираат како медијатори.

Сепак, Путин рече дека предложените разговори најверојатно нема да се случат пред Украина да избере нов Парламент следниот месец.

Откако беше избран за претседател во мај, Зеленски се заложи да стави крај на конфликтот во источниот дел на Украина.

Односите меѓу двете држави се заострија откако Русија го припои Крим во 2014-та година.

Предлогот на Зеленски би ги унапредил мировните преговори од Белорусија во 2014-та и 2015-та, меѓу украински официјални лица и сепаратистичките лидери.

Договорот за прекинување на огнот беше склучен во 2015-та година.

Пред да биде избран за претседател, Зеленски беше комичар без претходно политичко искуство.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG