Линкови за пристапност

Објавени добитниците на Пулицеровите награди


„Енкориџ дејли њуз“ и „Про Публика“ ја освоија Пулицеровата награда за новинарство во служба на јавноста за сторијата за тоа дека третина од селата на Алјаска немаат полициска заштита, пренесе Асошиетед Прес.

„Њујорк Тајмс“ ја освои наградата за истражувачко новинарство за сторијата за предаторски заеми во такси-индустријата во Њујорк, додека „Куриер-журнал“ од Луисвил, Кентаки, ја освои наградата за сторијата за расните разлики и други прашања во серија на помилувања од страна на гувернерот.

Пулицеровите награди за новинарство се објавени по претходно одлагање поради пандемијата на коронавирусот


Прва награда за аудио известување припадна на „Овој американски живот“ на „Лос Анџелес Тајмс“ и „Вајс Њус“ за сторија која ја истражува имиграциската политика „Останете во Мексико“.

Пулицеровите награди за новинарство се објавени по претходно одлагање поради пандемијата на коронавирусот. Првично церемонијата на доделување требаше да се одржи на 20 април.

Одложено е и свеченото традиционално доделување на наградите кое вообичаено се одржува на универзитетот Колумбија во мај. Детали за прославата на есен ќе бидат дополнително соопштени, велат од Одборот на Пулицеровите награди.

Пулицеровите награди за новинарство за прв пат се доделени во 1917 година и се сметаат за најпрестижна награда на полето на новинарството во САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG