Линкови за пристапност

Порторико гласаше да стане 51-та држава на САД


Жителите на американската територија Порторико, вчера преку необврзувачки референдум, гласаа за опцијата да стане 51-ва држава на САД.

Речиси половина милион гласови беа за државност, околу 7.600 за слободно здружување/независност, а речиси 6.700 за сегашниот територијален статус. Одзивот на гласачите беше 23 проценти.

Ова е петти ваков референдум во Порторико. Во 2012-та, островот се одлучи за државност, но Конгресот никогаш не го покрена прашањето.

Жителите на Порторико се ослободени од американскиот федерален данок на доход, но и натаму плаќаат за социјално осигурување, Медикеар и локални даноци, а територијата добива помалку федерални средства споредено со другите сојузни држави.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG